РУРАЛНИОТ ТУРИЗАМ СИ ИМА ТРАДИЦИОНАЛНИ ПРОИЗВОДИ КАКО АЈВАРОТ. Но исто така и големи проблеми.Тешко е да стекнеш и да имаш!!!А, уште потешко да го сочуваш богаството

РУРАЛНИОТ ТУРИЗАМ СИ ИМА ТРАДИЦИОНАЛНИ ПРОИЗВОДИ КАКО АЈВАРОТ.
Но исто така и големи проблеми.Тешко е да стекнеш и имаш!!!А, уште потешко да го сочуваш богаството.
Ете некои на социјаните мрежи сметаат дека за тоа треба да се дебатира.
Ние лично сметаме дека само треба програмски да се БРЕНДИРА

Дискусија секогаш треба да има,но сепак треба да и се даде респект на вистината.
Ајварот како и секој друг производ има свој геогравски корен,а врз тој корен расте специфичниот производ.
Нашите баби и дедовци го направиле рецептот а сегашните Македонци ја продолжуваат само традицијата на нашата надалеку препознатлива кујна.
Но за жал ние сега треба да дебатираме,наместо од поодамна да сме го направиле бренд.
Олеснителна околност е тоа што сепак ни го купуваат пиперот 🙂
Но не можат да направат својствен производ.
Ајварот е Македонска тајна, а нај убаво се прави дома каде во самото мешање се додава ЉУБОВ

Благодарност на сите учесници, гости и посетители од организацијата за одбележување на САЕМОТ НА КОСТЕНОТ-ШАРПЛАНИНСКА КОСТЕНИЈАДА

Ви благодариме за убавите коментари за   ШАРПЛАНИНСКА КОСТЕНИЈАДА  која се  одржа на 11.11.2012 за прв пат во полошкиот плански регион.

Вашето ветување за присаство нас ке не тера да се организираме многу повеке за идната година, па така уште на крајот од август  ке имаме пуштено објава,  во која ке има повик за учество во повеке категории, каде ке имаат приоритет како и годинава, КОСТЕНОТ  и се од костеновите  призводи: свеж костен, печен, варен, пире, брашно, колачи, до садници и форуми за негова заштита и одгледување.

Штандови со мед ,пред се костеновиот

Штандови на мали винарии,

Штандови со грозје,пред се винско

Штандови каде ке бидат преставени старите занаети,

Штандови со поставки на старини,артефакти,реликвии,носии и други штандови кои пред се се вклопливи со овој вид манифестација

Секако,штандови каде ке бидат преставени угостителите,али овој пат со јадење пред се кои ке го отсликаат регионот.

Секако ова е само првична замисла, ве охрабруваме сите да не исконтактирате и да предложите ваши идеи. Спремни сме за соработка се со една цел, да направиме манифестација која брзо ке прерасне во бренд.

Оти на Македонија само тоа и треба (заштита,стратегија,брендирање и промоција) друго се Она ни дала (видете во архива на овој портал) ОД БОГА ДАРУВАНА ИСПОЧИТУВАНА ВО БИБЛИЈА ЗАПИШАНА ОД ПРЕДЦИ ИСТКАЕНА

http://egzoticnamk.kauza.mk/?s=%D0%BE%D0%B4+%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%B0+%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%B0

Ке ни преставува задоволство на овој портал да ги споделиме сите коментари, слики и стории за годинашново одбележување, со забелешка:  пријатно сме изненадени од сите кои ги инволвиравме, за нивно учество,

со тоа, како за прво одбележување сме апсолутно задоволни и од срце им се заблагодаруваме на сите учесници, гости и  посетители.

Срдечни поздрави,

 

ИНСТИТУТ ЗА ОДРЖЛИВ РУРАЛЕН РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ БЕЛА ВИСТА – ИОРРР

Тел конт: +389 70 25 65 27

72 63 60 01

belavista.macedonia@yahoo.com

www.belavista.org.mk

www.belavista.mk

 

Одржана манифестација САЕМ НА КОСТЕНОТ – ШАРПЛАНИНСКА КОСТЕНИЈАДА

Манифестација Саем на костенот-ШАРПЛААНИНСК

 

http://www.inserver.info/jegunovce/index.php?option=com_content&view=article&id=367%3A2012-11-11-18-27-02&catid=37%3Arealiziraniproekti&Itemid=109&lang=mk

 

http://www.youtube.com/watch?v=noVNrdvwrPI&feature=plcp

 

http://sitel.com.mk/kostenijada-vo-tetovo-0

 

http://www.moevideo.idividi.com.mk/WatchVideos.aspx?videoid=6987

Доделување на признанија на донаторот и помагателите

А КОСТЕНИЈАДА

ПОКАНА за настан „ Шарпланинска Костенијада“

Здружение на граѓани Институт за Одржлив Рурален  Регионален Равој- БЕЛА ВИСТА-ИОРРР с.Беловиште Општина Јегуновце

ГТЦ бб ул: Илинденска Тетово

Тел.+389 78 20 20 10, 72 636 001,

Маил:      belavista.macedonia@yahoo.com,   belavista_mak@yahoo.com

Портал:       www.belavista.mk  и   www.belavista.org.mk

 

 

Почитувани,

 

Ве известуваме дека започнавме проект за заштита  и промоција на питомиот костен на Шар Планина, кој се реализира во периодот од април до декември оваа година.

Проектните активности опфаќаат повеќе аспекти:

-картирање на местата со најголема застапеност на питомиот костен;

-проценување на состојбата и обележување на стеблата со рак-рани на кората предизвикани од габата Cryphonectria parasitica;

-во зависност од резултатите од  анализите ќе биде извршено кастрење и ѓубрење на десет локации со најголем процент на загрозени стебла, првенствено во областа Долни Полог, а доколку има услови и во Горни Полог;

-одржување едукативни трибини (23,24,25-10-2012) за информирање на локалното население и институциите со можностите за негово користење и унапредување, како и за опасностите од габни и други заболувања. На  предвидените трибини ќе учествува и проф. Кирил Сотировски од Шумарскиот факултет во Скопје, УКИМ, кој посебно внимание ќе посвети на можностите за сузбивање на ракот по костенот, но и на други аспекти од одгледувањето и стопанисувањето со питомиот костен.

Како посебно обележје на проектот ја издвојуваме предвидената  манифестација „Саем на костенот” – ШАРПЛАНИНСКА КОСТЕНИЈАДА  која ќе се одржи на 28 октомври во селото Јелошник со почеток во 12 час, на која ќе биде презентирано целокупното еколошко и економско значење на костенот, нутриционистичката вредност и употребата како декоративно и медоносно растение.

Овој проект е од особено значење бидејќи става акцент на заштитата на природните ресурси и се залага за одржување на здрава животната средина истовремено почитувајќи ги принципите на одржливиот економски рурален регионален развој.

По тој повод, имаме чест и задоволство да Ве поканиме на нашите настани, пред се на престојната Шарпланинска костенијада,како и на едукативни трибини со што би придонеле за многу поквалитетна реализација на овој наш заеднички проект.

За било какви прашања и кординација за Вашето учество (пристигнување) ве молиме слободно да не контактирате во било кое време кај Сашо Матовски на тел.+389 78 20 20 10 и    072 636 – 001.

Во с.Беловиште бр 36  Јегуновце тетовско,

ГТЦ бб ул: Илинденска Тетово

 

Со почит,

 

Здружение

Институт за Одржлив  Рурален Регионален Развој-

БЕЛА ВИСТА-ИОРРР

Тамара Коларовска

Кординатор

Сашо Матовски

Претседател

КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО БОГАТА ПОНУДА

Манастирски дворови – Св. Никола (с. Љубанци, скопско) Испечати Е-пошта

dvor.svnikola11.jpg

Во Република Македонија низ целата нејзина територија, во средиштето на најубавите природни реткости и богатства, сместени се македонските цркви и манастири. На овие простори, во близина на градовите, селските населби и високо по планините се наоѓаат прекрасни живи манастири (создадени од градителите пред повеќе векови), и денес се вистински духовни и вредни културни светилници околу кои се повеќе се собира народ во потрага по исконските духовни и културни вредности.

bogorodica.ikonostas.jpgСекој од манастирите има особена убавина и плени со својата архитектура, со прекрасните фрески на ѕидовите и вредните икони и резби. Но над се, позначајно е православното духовно градителство, во кое најзначајните неимари на нашиот духовен раст се токму монасите.

Со повторното возобновување на монаштвото од пред дванаесет години, манастирите заживеаа и денес станаа духовен центар и духовна сила. И како што секогаш велат тие,… се во чест и слава на Бога.

konkurs.dvor4.jpg
Таму се е со раскошна убавина и мир, со голема љубов и труд, се таму дише.

Отвараме серија на презентација на еден интересен сегмент- МАНАСТИРСКИТЕ ДВОРОВИ.

Презентирањето го започнуваме со манастирот СВ. НИКОЛА, с.Љубанци(скопско), кој со возобновувањето на монаштвото од пред десетина години, стана духовен центар на многумина луѓе.Од ден на ден се повеќе се зголемува посетеноста на лицата кои сакаат да видат и да почувствуваат нешто исконско, вредно, преобразително.

konkurs.dvor5.jpg

konkurs.dvor3.jpg

dvor.svnikola1.jpg

dvor.svnikola6.jpg

dvor.svnikola12.jpg

dvor.svnikola13.jpg

dvor.svnikola14.jpg

dvor.svnikola1.jpg

dvor.svnikola3.jpg

dvor.svnikola.jpg

Можеби овој прекрасно уреден двор ќе биде вистинска инспирација на некого да донира интересна садница или слично.

СПОМЕН-КУЌАТА НА ТОШЕ ПРОЕСКИ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈДОБРО АРХИТЕКТОНСКО ДЕЛО ВО 2011

По повод наградата „Peoples choice aword“ за најдобро архитектонско дело во 2011 година што проектот за спомен-куќата на Тоше Проески ја освои на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона, Министерството за култура изразува огромна благодарност до сите граѓани на Република Македонија, до сите фанови на Тоше Проески од земјава, од регионот и од целиот свет, до архитектонската јавноста и до сите кои изминатиот период гласаа за овој проект на интернет порталот „Оpen buildings“ .

Проектот за Спомен-куќата на Тоше Проески освои над 15.000 гласови во конкуренција на 704 објекти од целиот свет, а доби и најмногу гласови од жири-комсијата на фестивалот. Гласањето почна во август годинава и заврши синоќа.

Наградата „Peoples choice aword“ е востановена годинава, а право на учество имаа објекти од целиот свет чија изградба завршила годинава.

Според Министерството, оваа значајна награда претставува голема промоција и афирмација за архитектурата на Република Македонија во светот, но воедно е само уште една потврда за големината, едноставноста, високите човечки и уметнички вредности и квалитети кои во себе ги носеше нашиот Ангел, Тоше Проески, кои уште долго ќе го фасцинираат целиот свет.

Спомен-куќата на Тоше Проески, изградена во чест на трагично загината македонска музичка икона е капитална инвестиција на Владата на Република Македонија. Овој објект кој е лоциран на Гумење во Крушево, за јавноста беше промовиран на 25 април годинава. Монументален по големина, еквивалентен на делото на Тоше Проески, Спомен-домот претставува алузија на неговата животна филозофија. Има форма на крст, изграден е од бетон и стакло, според идејниот проект на архитектите Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски, во соработка со Илија Божиновски.

ФИНСКИТЕ ТУРИСТИ ПОВЕКЕ ОД ЗАДОВОЛНИ ОД ЛЕТУВАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

Финските туристи повеќе од задоволни од летувањето во Охрид

Финските туристи кои изминатата сезона првпат летуваа во Охрид се задоволни од престојот во Македонија. Интерната анкета што ја спроведе финскиот тур-оператор „Ауринкоматкат“, во чиј аранжман финските туристи престојуваа тука, покажала дека гостите од далечниот север во Охрид биле пријатно изненадени од севкупната туристичка понуда, но најмногу од гостопримливоста на македонскиот народ.

Според одговорите што гостите ги дале на анкетните листови на кои имало триесетина прашања, од максималната оценка 5 Македонија била оценета со 4.42. Ова е мошне позитивна повратна информација, пред се за самиот тур-оператор кој веќе за следното лето најавува поголем бројна чартер-летови за Охрид.
Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Зоран Стрезоски истакна дека за натамошно привлекување гости треба да се работи особено на услугите во угостителството, од аспект на примена на светските стандарди во нашите сместувачки објекти. Трезоски рече:
„Примената на таквите стандарди ќе овозможи уште еден исчекор напред, во насока на опслужување и задоволување на сите потреби што ги имаат странските туристи.“
Тој додаде дека треба можеби и најбитно, е да веруваме во себе и нашите туристички потенцијали, дека Охрид и Македонија имаат што да понудат. Но џабе ни е вербата, ако не се продолжи да се работи на отстранување на недостатоците, подобрување на инфраструктурата.
Според Стрезоски, најголем број од забелешките на гостите се однесувале на нечистотијата на туристичките центри, така што во Агенцијата планираат организирање посебни активности за чистење на ѓубрето, некаде пред почетокот на главната туристичка сезона, како и активности за едукација на населението за потребата од поголема грижа за чистотата во туристичките центри и околу главните локалитети што најмногу се посетени од гостите.

КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 0Д СВЕТСКИ РАМКИ ЧЕКА МАКЕДОНСКАТА ЦРКВА ДА ГИ ОТВОРИ ПОРТИТЕ ЗА ДА МАНАСТИРКИОТ ТУРИЗАМ СТАНЕ ТОП ДЕСТИНАЦИЈА

Манастирот на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица

Комплексот цркви посветени на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица вклучува цркви од различни временски периоди и тоа: претхристијанска, ранохристијанска базилика, крстообразна црква и нејзината подоцнежна обнова. Во крстообразната црква се наоѓа најстарата досега пронајдена фреска во Македонија, на која се претставени светите Тивериополски свештеномаченици. Во претхристијанскиот храм се зачувани прекрасни подни мозаици, додека ранохристијанската базилика не може целосно да се открие заради тоа што добар нејзин дел е покриен од крстообразната црква. Оваа петокуполна средновековна црква од таканаречен сложен „цариградски тип“ е единствена во Македонија и една од ретките на Балканот.

Денес, во манастирската црква се одвива редовен литургиски живот. Реновираните манастирски конаци се отворени за поклоници кои овде би сакале да преноќеваат, при што ноќевањето со појадок и вечера чини 10 евра, додека полниот пансион чини 12 евра. Еднокреветните и повеќекреветни соби можат да сместат до 50 луѓе.
Со еден збор бозенственоста на Македонските манастири и цркви се тие кои што можат да ни го освојат светскиот гостин,та ние да не мораме да му се докажуваме,а истиот тој да се спознае,а нас да не препознае,миросаната древна трпеза да го мироса и заедно за многаја лета да ги славиме деновите кои ке ни донесат побогато утре.Господ се ни дал а ние тоа треба да го споделиме со гостите.
ТУРИСТИТЕ СЕ НАШИОТ КСМЕТ!
АЈДЕ ДА МУ ГИ ОТВОРИМЕ ПОРТИТЕ И ДУШИТЕ ЗА ДА ГОСТИТЕ ВО НАШЕТО НАСЛЕДСТВО СЕ НАСЛАДАТ И ГО ОТКРИЈАТ РАЈОТ

Zemjata na dosegasniot svetski turizam ne prepoznava kako neotkrien turisticki potencijal.„Ел мундо“: Македонија е мала земја која воодушевува

Zemjata na dosegasniot svetski turizam ne prepoznava kako neotkrien turisticki potencijal.

„Ел мундо“: Македонија е мала земја која воодушевува

Неоткриен туристички потенцијал со богата историја, фоклор, традиција и природни убавини, вака накратко за Македонија пишува, шпанскиот новинар Хавиер Мазура во статијата „Каде е Скопје“ што ја објави престижниот весник „Ел мундо“.

Новинарот Мазура кој престојуваше во земјава од 14 до 19 овој месец со поддршка на Агенцијата за промоција на туризмот и македонскиот економски промотор во Шпанија, преку серија написи континуирано и опширно ќе ги запознава читателите со своето, како што наведува, позитивно откритие.

– Кој ќе се обиде да ја најде Македонија ќе биде воодушевен од оваа мала земја која нуди многу. Првиот впечаток не може да биде подобар, пишува Мазура, образложувајќи како најлесно и со каков вид превоз може да се стигне до Скопје.

Максимум 250 евра чини повратен авионски билет од Мадрид или Барселона иако летот не е директен.

Мазура подробно раскажува за Скопје, се навраќа на земјотресот, ги спомнува Мајка Тереза, Александар Македонски и Јустинијан Први, го доловува чувството од прошетката по Старата чаршија за која, вели дека е една од најзачуваните во Европа заедно со Истанбулската, зборува за Матка, „Свети Спас“ и џамиите.

– Македонија ги има Охрид, Националниот парк Маврово, Галичица и Пелистер,Shar planina (koja e vo tek na proglasuvanje), богатства што мора да се видат, порачува Мазура во написот на весникот чиј тираж достигнува 420.000 примероци.
Makedonija ima uste mnogu poveke sto moze da ponudi, no sega e na nas red da si stokmime strategija koja vistinski od ova vreme ke ja podvizi sevkupnata Makedonska ekonomija.
Ubavinite i bogastvata ne mozat da se sokrijat,nitu pak nekoj da gi osporuva,svetot saka da gi vidi i pocustvuva,turistite sakaat da gi osvojat.
Sega koga sme na dofat na svetskite arazmani treba ednas za sekogas da napravime nacionalna strategija, koja ke bide kompatibilna so denesnite tekovi na pridvizuvanje.
Taa da se preslikuva vo site mozni fondovi,da bide programski aplikativna vo poveketo merki.
So toa ke napravime seriozni kapaciteti preko koi ke se izgradi idnata turisticka ponuda,sekako naporedno so nea ke sleduva vistinski objektivna promocija.

prosledeno i sopstven komentar:
www.belavista.org.mk

Македонија од септември на Травел Чанел Интернешнл како возбудлива туристичка дестинација

Македонија од септември на Травел Чанел Интернешнл како возбудлива туристичка дестинација.

Споделете ја веста, macedonia-kaneo, триесет минутен документарец за туристичките потенцијали и природните убавини на Македонија, од септември ќе почне да се прикажува на престижниот Травел Чанел Интернешнл (Travel Channel International). Екипа на Травел Чанел од 18 јули е во земјава, работи на снимање на документарната емисија посветена на Македонија, со наслов “Еssential Маcedonia & Travel Today”.  На денешната прес конференција во Скопје продуцентот Џед Клав посочи дека станува збор за доловување на суштината на Македонија преку презентирање на природни, историски и културни знаменитости, како и слики од животниот стил на жителите на земјава. Документарецот ќе се прикажува во 120 земји на 20 јазици во светот следните неколку пати месечно во наредните три години. Македонија, вели, ја избрале за истражување бидејќи се совпаѓа во концептот на серијалот за документарци за интересни и возбудливи места.  – Се обидовме да добиеме слика за земјата и бевме во обиколка на планини, го посетивме Скопје, Охрид, бевме на маунтбајкинг во Маврово, разгледувававме дел од археологијата и историјата на земјата. Вечер ќе се позанимаваме со забавата и ноќниот живот во градот, рече Клав.  Презентерот Дени Робинс е задоволен од гостопримството и вкусната храна во Македонија, од можностите за планински велосипедизам, од убавините на Охридското Езеро, а особено од винскиот туризам, но и од прекрасниот пејсаж и отворениот простор. Откако ќе ги средат впечатоците од еднонедeлниот престој во земјата кој завршува в сабота, ќе можат да ги посочат највозбудливите импресии за нив.  – Не знаеме многу за Македонија освен дека играте фудбал и за Александар Велики. За нас Македонија е еден вид мистерија која допрва треба да ја откриеме, вели Робинс кој се надева дека добро ќе ја презентираат Македонија пред светот. Забелешки имаат на градежните работи во градот кои, вели, во моментов пречат да се види целата слика за градот. Директорот на Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија Виктор Мизо и Зоран Николовски, раководител на сектор – туризам при Министерството за економија се согласуваат дека документарецот на Травел Чанел како водечки светски медиум кој емитува 24-часовна програма е одлична можност за промоција на земјата. Мизо појасни дека досега на Травел Чанел се емитуваа спотовите за Македонија вечна во рамки на активностите за меѓународната промоција на земјата во релевантни странски медиуми како атрактивна бизнис и туристичка дестинација. Изборот да снимат докуменатрец за Македонија е на самиот ТВ-канал, кој ги покрива трошоците, а од македонска страна е обезбеден престојот низ Македонија. Запрашан за актуелните состојби во туризмот Николовски посочи дека за разлика од лани кога се забележа пад од два проценти кај приходите од оваа гранка, годинава по лошиот почеток со зимскиот туризам заради немање снег од мај се забележува раст на остварени ноќевања. Особено задоволни се од растот на домашниот туризам за 20 отсто кој вели, се должи и на кампањите „Истражи ја Македонија“.  Досега од земјите во регионот Травел Чанел снимал во Црна Гора и Грција, а Перу, Нигерија и Тајван се во изборот за следни дестинации. Македонија од септември на Травел Чанел Интернешнл како возбудлива туристичка дестинација.