Archive for » јуни, 2010 «

Светскиот бизнис магазин “Forbs” ја избра Македонија меѓу најатрактивните дестинации за возење во Европа

Рутата Преспа- Охрид меѓу најатрактивните во Европа

Според “Forbs”: рутата Преспа- Охрид меѓу најатрактивните во Европа

Светскиот бизнис-магазин “Forbs” ја избра Македонија меѓу најатрактивните дестинации за возење во Европа. На нивната веб страна Forbes.com’s, рутата од Преспа до Охрид преку Галичица е препорачана како една од 20-те најдобри дестинации.

Својата топ листа за пејсажни возења, магазинот ја прави по мислење на експерти кои предлагаат свои фаворити.

Македонската рута е предложена од Kristofer Deliso, патописец за “Lonely Planet” и автор на најновиот патопис за Македонија “Скриена Македонија”. Тој за читателите на “Forbs”, исто така, предлага и една рута во Бугарија и една на грчкиот остров Крит.

Според написот на  “Forbs”, Deliso препорачува “патување од Преспа до Охридското езеро меѓу тесни, ветровити патишта, што ве водат низ јаболкници и светилишта на птици, околу Преспанското езеро и потоа нагоре кон планината Галичица и низ високиот премин Ливада. Кратката прошетка до блискиот рид ви нуди истовремено поглед на двете езера, Преспанското и Охридското езеро”.

За секое специјално избрано место, експертите предлагаат и фаворит возило за патувањето. За прекрасниот езерски регион во Македонија Deliso го препорачува новиот “Folksvagen buba”.

Вклучи се! Номинирај Топ дестинации!

Убави места, убави предлози.
Ама!!?
Ако ѕирнеме малку поубаво во опкружувањето околу себе што ли ќе откриеме од убавината, и колку само ќе ни се врати, повратно, она што ќе го потрошиме на тие наши домашни природни и културни туристички дестинации. А со тоа колку само ќе заживее домашната еконимија!?
Да, да! Рурален туризам, повеќе и од БИЗНИС ИДЕЈА.
Или пак ќе почекаме првин странците да ни го признат (а при тоа и присвојат) па после ние да почнеме за него да зборуваме и по малку да си го цениме.
Но доколку веќе имате интересни видео стории и видео-фото материјали, можете да го поставите на порталот за промоција и предлози, кој што ќе отпочне со номинирање и прогласување секој месец на домашни ТОП ДЕСТИНАЦИИ.
www.egzoticnamk.kauza.mk

Terms granted by God in the Bible recorded by ancestors woven

We like descendants of the entire natural and cultural heritage in Macedonia have the happiness in big quantities.
The same rarities can freely praise in the region .Our sense of preservation of the traditional rites of celebration and observance, celebration of all holidays left as a legacy of our national family. We have so rich, traditional dishes that literally shines and it is worth to try them. Our value and hospitality are the arguments that makes one day soon imagine you are creating our largest economic branch of our country really can make a real brand. Brand which is really the biggest economic driver and which will unite our common economy. We have our address; we want to bring real opportunities offered by rural tourism, which some call alternative. Yes! We would have accepted this name. No situation in Macedonia from the present perspective, show that rural tourism in all its forms, such as eco-village, cultural and church monastery, (the greatest renaissance in our churches) recreation, wine and other forms of order that should be given significant). Also today’s more tourists appreciates cultural alert and conquer new worlds and also empathy in that same place. We like inheritors of wealth that we are able to enjoy those benefits, but once and for all you need to do away responsibility and also to imagine that everything should work out his national strategy, which will be real regional and which would have to be incorporated with all the principles of our movement with the European Union. Strategy that the target groups will offer action, sustainability and access to funds but that they will be supported and subsidized by the national.
Otherwise one day we will only be comfort when we realized that we missed and what we are all able to do that for our generations. We know that tourism moves to all other branches, as well as agriculture toy will bring benefits to also get to the brand production (conservation of all our traditional dishes and their protection) Renewal of old crafts that are just decoration but also branch that maintains our attractive recognition. So all others measures and principles also may come to harmony in our state, because people would have returned back to rural environment. Environment that would be a decent for living and income. So with all this benefits that would present themselves to the population. That will be produced and preservation of all natural and cultural wealth. Further in the following text will let you the beauties of Macedonia and their exotic secrecy. We will notify all views and suggestions; we will bring our strategy to develop rural tourism. Also this blog expect to have your comments. The renew roads is leading us to Via Egnatia and moves them to go to tourists. Renaissance in our churches but we need Europe to persuade it to preserve the cultural wealth, canned and let the rest of the world.

With one goal in Macedonia to become Mecca,
and to arrive there as a guest to wait.

ОД БОГА ДАРУВАНА, ИСПОЧИТУВАНА, ВО БИБЛИЈА ЗАПИШАНА, ОД ПРЕДЦИ ИСТКАЕНА

Ние како наследници на севкупното природно и културно богатство, во Македонија го поседуваме за среќа во големи и значајни количини.
Со истите тие реткости можеме слободно да се пофалиме во регионот и надалеку. Воедно нашето нарoдно чувство за зачувување на традиционалните обреди, за чествување и празнување, одбележување на сите празници оставени како наследство од нашите предци. Исто така богатата национална, традиционална кујна, која буквално зрачи и примамува. Сета наша вредност и гостопримливост се само аргументите кои нè тера еден ден поскоро да сфатиме и да си ја креираме нашата најголема економска гранка која вистински од нашата земја може да направи вистински бренд. Бренд кој претставува вистински најголем економски двигател и кој што ќе ја обедини севкупната наша економија. Имено ние со нашето обраќање, сакаме да ги изнесеме вистинските можности што ги нуди руралниот туризам кои некои го нарекуваат алтернативен. Да! Ние би го прифатиле тој назив, доколку ни кажете во Македонија кој вид на туризам е главен, е тогаш руралниот нека биде спореден. Но приликите во Македонија од денешен аспект покажуваат дека рураниот туризам со сите свои облици како: Еко-селски, културно-манастирски црковен, (најголемата ренесанса е во нашите цркви) рекреативен, вински и ред други облици на кои треба да им се даде значење). Воедно денешниот турист повеќе го цени културниот дојам, и освојување на нови светови и воедно соживување во таа средина. На истиот тој турист не сме му ние во фокусот на интересот туку оставшнините на нашите дедовци и баби и нивните обичаи, нашата зачувана природа со сите егзотични реткости и нас во пакет со сето тоа како сервис за да му го разубавиме престојот. Ние како наследници на тоа богатство имаме шанса да си уживаме во тие благодети, но еднаш за секогаш ќе треба да си ја понесеме и одговорноста, а и воедно и да сфатиме дека за сето тоа треба да си ја изготвиме националната стратегија, која ќе биде компатибилна со регионалната и која ќе мора да биде вклопена со сите начела на нашето придвижување со Европската Унија. Стратегија што на целните групи ќе им понуди акција, одржливост и пристап до сите фондови, но која воедно ќе биде подржана и субвенционирана од националната.
Во спротивно еден ден само ќе можеме да се тешиме, кога ќе сфатиме што сè сме пропуштиле и што сè сме можеле за сите поколенија да направиме. Знаејќи дека туризмот ги придвижува сите останати гранки, како и земјоделието тоа ќе ни донесе бенефит, исто така да се посветиме на брендовското производство (зачувување на сите наши традиционални јадења и нивна заштита). Обновување на старите занаети кои се само украс, но и гранка која што ја одржува атракцијата и нашето препознавање. Со сите овие мерки и начела воедно би дошло и до хармонија во нашата држава, поради тоа што луѓето би ги вратиле назад во руралната средина. Средина која би била пристојна за живеење и за зароботување. Па така со сите бенефиции кои би биле присутни до самите жители, тоа би продуцирало и зачувување на сето природно и културно богатство. Понатаму во наредните текстови ќе ги споделиме со вас убавините на Македонија и нивната егзотичност и таинственост. Ние ќе ги кажуваме сите ставови и предлози, ќе ја изнесеме нашата стратегија за развој на руралниот туризам. Воедно со овој блог очекуваме да имаме и коментари кои со своите забелешки ќе придонесат за подобрување на начелата. Да се обноват патишта што воделе кон неа, како Виа Игнација и по истите да одат врвици на туристи. Ренесансата е во нашите цркви но ние, Европа треба да ја убедиме за тоа културно богаство да го зачуваме, конзервираме и споделиме со останатиот свет.
Сè со една цел Македонија да прерасне во Мека, а за да се дојде во неа како гостин треба да се чека.

Ајварот

Почитувани,

Еве како се раскрчмува Ајварот. Од Македонски бренд, со познато географско потекло, ќе мора да си го бараме по комшиите  :((((

Да не мора пак благодарение на Американците да сфатиме и разбереме (добро е што ги има) дека имаме и опсерваторија, КОКИНО, но и првата плескавица дека е замесена и сплескана пак во тогашна Македонија, поточно во пелагониско пред 2500 год.

ЗНАЧИ ОД СÈ ПОНАЈВЕЌЕ СИ ИМАМЕ!!! АМА КОГА НЕЗНАЕМЕ нешто ново ДА СИ СТВОРИМЕ, БАР ДА СИ ГИ ЗАЧУВАМЕ!!!!

АМА ЗА ЖАЛ И ОВАА ГЕНЕРАЦИЈА СИ ГЛЕДА КАКО ДРУГ НÈ ОПСЕРВИРА.