Archive for » ноември, 2011 «

КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО БОГАТА ПОНУДА

Манастирски дворови – Св. Никола (с. Љубанци, скопско) Испечати Е-пошта

dvor.svnikola11.jpg

Во Република Македонија низ целата нејзина територија, во средиштето на најубавите природни реткости и богатства, сместени се македонските цркви и манастири. На овие простори, во близина на градовите, селските населби и високо по планините се наоѓаат прекрасни живи манастири (создадени од градителите пред повеќе векови), и денес се вистински духовни и вредни културни светилници околу кои се повеќе се собира народ во потрага по исконските духовни и културни вредности.

bogorodica.ikonostas.jpgСекој од манастирите има особена убавина и плени со својата архитектура, со прекрасните фрески на ѕидовите и вредните икони и резби. Но над се, позначајно е православното духовно градителство, во кое најзначајните неимари на нашиот духовен раст се токму монасите.

Со повторното возобновување на монаштвото од пред дванаесет години, манастирите заживеаа и денес станаа духовен центар и духовна сила. И како што секогаш велат тие,… се во чест и слава на Бога.

konkurs.dvor4.jpg
Таму се е со раскошна убавина и мир, со голема љубов и труд, се таму дише.

Отвараме серија на презентација на еден интересен сегмент- МАНАСТИРСКИТЕ ДВОРОВИ.

Презентирањето го започнуваме со манастирот СВ. НИКОЛА, с.Љубанци(скопско), кој со возобновувањето на монаштвото од пред десетина години, стана духовен центар на многумина луѓе.Од ден на ден се повеќе се зголемува посетеноста на лицата кои сакаат да видат и да почувствуваат нешто исконско, вредно, преобразително.

konkurs.dvor5.jpg

konkurs.dvor3.jpg

dvor.svnikola1.jpg

dvor.svnikola6.jpg

dvor.svnikola12.jpg

dvor.svnikola13.jpg

dvor.svnikola14.jpg

dvor.svnikola1.jpg

dvor.svnikola3.jpg

dvor.svnikola.jpg

Можеби овој прекрасно уреден двор ќе биде вистинска инспирација на некого да донира интересна садница или слично.

СПОМЕН-КУЌАТА НА ТОШЕ ПРОЕСКИ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈДОБРО АРХИТЕКТОНСКО ДЕЛО ВО 2011

По повод наградата „Peoples choice aword“ за најдобро архитектонско дело во 2011 година што проектот за спомен-куќата на Тоше Проески ја освои на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона, Министерството за култура изразува огромна благодарност до сите граѓани на Република Македонија, до сите фанови на Тоше Проески од земјава, од регионот и од целиот свет, до архитектонската јавноста и до сите кои изминатиот период гласаа за овој проект на интернет порталот „Оpen buildings“ .

Проектот за Спомен-куќата на Тоше Проески освои над 15.000 гласови во конкуренција на 704 објекти од целиот свет, а доби и најмногу гласови од жири-комсијата на фестивалот. Гласањето почна во август годинава и заврши синоќа.

Наградата „Peoples choice aword“ е востановена годинава, а право на учество имаа објекти од целиот свет чија изградба завршила годинава.

Според Министерството, оваа значајна награда претставува голема промоција и афирмација за архитектурата на Република Македонија во светот, но воедно е само уште една потврда за големината, едноставноста, високите човечки и уметнички вредности и квалитети кои во себе ги носеше нашиот Ангел, Тоше Проески, кои уште долго ќе го фасцинираат целиот свет.

Спомен-куќата на Тоше Проески, изградена во чест на трагично загината македонска музичка икона е капитална инвестиција на Владата на Република Македонија. Овој објект кој е лоциран на Гумење во Крушево, за јавноста беше промовиран на 25 април годинава. Монументален по големина, еквивалентен на делото на Тоше Проески, Спомен-домот претставува алузија на неговата животна филозофија. Има форма на крст, изграден е од бетон и стакло, според идејниот проект на архитектите Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски, во соработка со Илија Божиновски.