Archive for » октомври, 2012 «

ПОКАНА за настан „ Шарпланинска Костенијада“

Здружение на граѓани Институт за Одржлив Рурален  Регионален Равој- БЕЛА ВИСТА-ИОРРР с.Беловиште Општина Јегуновце

ГТЦ бб ул: Илинденска Тетово

Тел.+389 78 20 20 10, 72 636 001,

Маил:      belavista.macedonia@yahoo.com,   belavista_mak@yahoo.com

Портал:       www.belavista.mk  и   www.belavista.org.mk

 

 

Почитувани,

 

Ве известуваме дека започнавме проект за заштита  и промоција на питомиот костен на Шар Планина, кој се реализира во периодот од април до декември оваа година.

Проектните активности опфаќаат повеќе аспекти:

-картирање на местата со најголема застапеност на питомиот костен;

-проценување на состојбата и обележување на стеблата со рак-рани на кората предизвикани од габата Cryphonectria parasitica;

-во зависност од резултатите од  анализите ќе биде извршено кастрење и ѓубрење на десет локации со најголем процент на загрозени стебла, првенствено во областа Долни Полог, а доколку има услови и во Горни Полог;

-одржување едукативни трибини (23,24,25-10-2012) за информирање на локалното население и институциите со можностите за негово користење и унапредување, како и за опасностите од габни и други заболувања. На  предвидените трибини ќе учествува и проф. Кирил Сотировски од Шумарскиот факултет во Скопје, УКИМ, кој посебно внимание ќе посвети на можностите за сузбивање на ракот по костенот, но и на други аспекти од одгледувањето и стопанисувањето со питомиот костен.

Како посебно обележје на проектот ја издвојуваме предвидената  манифестација „Саем на костенот” – ШАРПЛАНИНСКА КОСТЕНИЈАДА  која ќе се одржи на 28 октомври во селото Јелошник со почеток во 12 час, на која ќе биде презентирано целокупното еколошко и економско значење на костенот, нутриционистичката вредност и употребата како декоративно и медоносно растение.

Овој проект е од особено значење бидејќи става акцент на заштитата на природните ресурси и се залага за одржување на здрава животната средина истовремено почитувајќи ги принципите на одржливиот економски рурален регионален развој.

По тој повод, имаме чест и задоволство да Ве поканиме на нашите настани, пред се на престојната Шарпланинска костенијада,како и на едукативни трибини со што би придонеле за многу поквалитетна реализација на овој наш заеднички проект.

За било какви прашања и кординација за Вашето учество (пристигнување) ве молиме слободно да не контактирате во било кое време кај Сашо Матовски на тел.+389 78 20 20 10 и    072 636 – 001.

Во с.Беловиште бр 36  Јегуновце тетовско,

ГТЦ бб ул: Илинденска Тетово

 

Со почит,

 

Здружение

Институт за Одржлив  Рурален Регионален Развој-

БЕЛА ВИСТА-ИОРРР

Тамара Коларовска

Кординатор

Сашо Матовски

Претседател