Македонија од септември на Травел Чанел Интернешнл како возбудлива туристичка дестинација

Македонија од септември на Травел Чанел Интернешнл како возбудлива туристичка дестинација.

Споделете ја веста, macedonia-kaneo, триесет минутен документарец за туристичките потенцијали и природните убавини на Македонија, од септември ќе почне да се прикажува на престижниот Травел Чанел Интернешнл (Travel Channel International). Екипа на Травел Чанел од 18 јули е во земјава, работи на снимање на документарната емисија посветена на Македонија, со наслов “Еssential Маcedonia & Travel Today”.  На денешната прес конференција во Скопје продуцентот Џед Клав посочи дека станува збор за доловување на суштината на Македонија преку презентирање на природни, историски и културни знаменитости, како и слики од животниот стил на жителите на земјава. Документарецот ќе се прикажува во 120 земји на 20 јазици во светот следните неколку пати месечно во наредните три години. Македонија, вели, ја избрале за истражување бидејќи се совпаѓа во концептот на серијалот за документарци за интересни и возбудливи места.  – Се обидовме да добиеме слика за земјата и бевме во обиколка на планини, го посетивме Скопје, Охрид, бевме на маунтбајкинг во Маврово, разгледувававме дел од археологијата и историјата на земјата. Вечер ќе се позанимаваме со забавата и ноќниот живот во градот, рече Клав.  Презентерот Дени Робинс е задоволен од гостопримството и вкусната храна во Македонија, од можностите за планински велосипедизам, од убавините на Охридското Езеро, а особено од винскиот туризам, но и од прекрасниот пејсаж и отворениот простор. Откако ќе ги средат впечатоците од еднонедeлниот престој во земјата кој завршува в сабота, ќе можат да ги посочат највозбудливите импресии за нив.  – Не знаеме многу за Македонија освен дека играте фудбал и за Александар Велики. За нас Македонија е еден вид мистерија која допрва треба да ја откриеме, вели Робинс кој се надева дека добро ќе ја презентираат Македонија пред светот. Забелешки имаат на градежните работи во градот кои, вели, во моментов пречат да се види целата слика за градот. Директорот на Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија Виктор Мизо и Зоран Николовски, раководител на сектор – туризам при Министерството за економија се согласуваат дека документарецот на Травел Чанел како водечки светски медиум кој емитува 24-часовна програма е одлична можност за промоција на земјата. Мизо појасни дека досега на Травел Чанел се емитуваа спотовите за Македонија вечна во рамки на активностите за меѓународната промоција на земјата во релевантни странски медиуми како атрактивна бизнис и туристичка дестинација. Изборот да снимат докуменатрец за Македонија е на самиот ТВ-канал, кој ги покрива трошоците, а од македонска страна е обезбеден престојот низ Македонија. Запрашан за актуелните состојби во туризмот Николовски посочи дека за разлика од лани кога се забележа пад од два проценти кај приходите од оваа гранка, годинава по лошиот почеток со зимскиот туризам заради немање снег од мај се забележува раст на остварени ноќевања. Особено задоволни се од растот на домашниот туризам за 20 отсто кој вели, се должи и на кампањите „Истражи ја Македонија“.  Досега од земјите во регионот Травел Чанел снимал во Црна Гора и Грција, а Перу, Нигерија и Тајван се во изборот за следни дестинации. Македонија од септември на Травел Чанел Интернешнл како возбудлива туристичка дестинација.

You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0 feed. You can leave a response, or trackback from your own site.
One Response
  1. saso напиша:

    Pocituvani otpocnuvame so EGZOTICNO -AVTENTICNI TURI vo poveke regioni vo Makedonija.
    Vo istite ke bide ispocituvano seto nase kulturno i prirodno nasledstvo, a na trpezata ke bide stavena nasata tradicionalna bogata kujna.
    Veke ona sto bese slabost vo naseto bitisuvanje ke probame da go dolovime na pocituvanite privrzanici i gosti.
    Prvite promotivni turi ke se slucat za VELIGDEN kako i za Prvo Majkite praznici.
    Taka da seta nasa avtentika i egzoticni destinaci da gi posetime i osvoime i istite tie da gi postavime za turisticki centri koi ke prestavuvaat vistinska ponuda za duri i za svetskiot Turisticki pazar.
    Site podetalni informacii ke mozete da gi dobiete na ovoj portal ili pak na mail:)
    belavista.macedonia@yahoo.com

Leave a Reply

XHTML: You can use these tags: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>