КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 0Д СВЕТСКИ РАМКИ ЧЕКА МАКЕДОНСКАТА ЦРКВА ДА ГИ ОТВОРИ ПОРТИТЕ ЗА ДА МАНАСТИРКИОТ ТУРИЗАМ СТАНЕ ТОП ДЕСТИНАЦИЈА

Манастирот на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица

Комплексот цркви посветени на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица вклучува цркви од различни временски периоди и тоа: претхристијанска, ранохристијанска базилика, крстообразна црква и нејзината подоцнежна обнова. Во крстообразната црква се наоѓа најстарата досега пронајдена фреска во Македонија, на која се претставени светите Тивериополски свештеномаченици. Во претхристијанскиот храм се зачувани прекрасни подни мозаици, додека ранохристијанската базилика не може целосно да се открие заради тоа што добар нејзин дел е покриен од крстообразната црква. Оваа петокуполна средновековна црква од таканаречен сложен „цариградски тип“ е единствена во Македонија и една од ретките на Балканот.

Денес, во манастирската црква се одвива редовен литургиски живот. Реновираните манастирски конаци се отворени за поклоници кои овде би сакале да преноќеваат, при што ноќевањето со појадок и вечера чини 10 евра, додека полниот пансион чини 12 евра. Еднокреветните и повеќекреветни соби можат да сместат до 50 луѓе.
Со еден збор бозенственоста на Македонските манастири и цркви се тие кои што можат да ни го освојат светскиот гостин,та ние да не мораме да му се докажуваме,а истиот тој да се спознае,а нас да не препознае,миросаната древна трпеза да го мироса и заедно за многаја лета да ги славиме деновите кои ке ни донесат побогато утре.Господ се ни дал а ние тоа треба да го споделиме со гостите.
ТУРИСТИТЕ СЕ НАШИОТ КСМЕТ!
АЈДЕ ДА МУ ГИ ОТВОРИМЕ ПОРТИТЕ И ДУШИТЕ ЗА ДА ГОСТИТЕ ВО НАШЕТО НАСЛЕДСТВО СЕ НАСЛАДАТ И ГО ОТКРИЈАТ РАЈОТ

You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0 feed. You can leave a response, or trackback from your own site.
Leave a Reply

XHTML: You can use these tags: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>