ФИНСКИТЕ ТУРИСТИ ПОВЕКЕ ОД ЗАДОВОЛНИ ОД ЛЕТУВАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

Финските туристи повеќе од задоволни од летувањето во Охрид

Финските туристи кои изминатата сезона првпат летуваа во Охрид се задоволни од престојот во Македонија. Интерната анкета што ја спроведе финскиот тур-оператор „Ауринкоматкат“, во чиј аранжман финските туристи престојуваа тука, покажала дека гостите од далечниот север во Охрид биле пријатно изненадени од севкупната туристичка понуда, но најмногу од гостопримливоста на македонскиот народ.

Според одговорите што гостите ги дале на анкетните листови на кои имало триесетина прашања, од максималната оценка 5 Македонија била оценета со 4.42. Ова е мошне позитивна повратна информација, пред се за самиот тур-оператор кој веќе за следното лето најавува поголем бројна чартер-летови за Охрид.
Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Зоран Стрезоски истакна дека за натамошно привлекување гости треба да се работи особено на услугите во угостителството, од аспект на примена на светските стандарди во нашите сместувачки објекти. Трезоски рече:
„Примената на таквите стандарди ќе овозможи уште еден исчекор напред, во насока на опслужување и задоволување на сите потреби што ги имаат странските туристи.“
Тој додаде дека треба можеби и најбитно, е да веруваме во себе и нашите туристички потенцијали, дека Охрид и Македонија имаат што да понудат. Но џабе ни е вербата, ако не се продолжи да се работи на отстранување на недостатоците, подобрување на инфраструктурата.
Според Стрезоски, најголем број од забелешките на гостите се однесувале на нечистотијата на туристичките центри, така што во Агенцијата планираат организирање посебни активности за чистење на ѓубрето, некаде пред почетокот на главната туристичка сезона, како и активности за едукација на населението за потребата од поголема грижа за чистотата во туристичките центри и околу главните локалитети што најмногу се посетени од гостите.

You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0 feed. You can leave a response, or trackback from your own site.
Leave a Reply

XHTML: You can use these tags: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>