СПОМЕН-КУЌАТА НА ТОШЕ ПРОЕСКИ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈДОБРО АРХИТЕКТОНСКО ДЕЛО ВО 2011

По повод наградата „Peoples choice aword“ за најдобро архитектонско дело во 2011 година што проектот за спомен-куќата на Тоше Проески ја освои на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона, Министерството за култура изразува огромна благодарност до сите граѓани на Република Македонија, до сите фанови на Тоше Проески од земјава, од регионот и од целиот свет, до архитектонската јавноста и до сите кои изминатиот период гласаа за овој проект на интернет порталот „Оpen buildings“ .

Проектот за Спомен-куќата на Тоше Проески освои над 15.000 гласови во конкуренција на 704 објекти од целиот свет, а доби и најмногу гласови од жири-комсијата на фестивалот. Гласањето почна во август годинава и заврши синоќа.

Наградата „Peoples choice aword“ е востановена годинава, а право на учество имаа објекти од целиот свет чија изградба завршила годинава.

Според Министерството, оваа значајна награда претставува голема промоција и афирмација за архитектурата на Република Македонија во светот, но воедно е само уште една потврда за големината, едноставноста, високите човечки и уметнички вредности и квалитети кои во себе ги носеше нашиот Ангел, Тоше Проески, кои уште долго ќе го фасцинираат целиот свет.

Спомен-куќата на Тоше Проески, изградена во чест на трагично загината македонска музичка икона е капитална инвестиција на Владата на Република Македонија. Овој објект кој е лоциран на Гумење во Крушево, за јавноста беше промовиран на 25 април годинава. Монументален по големина, еквивалентен на делото на Тоше Проески, Спомен-домот претставува алузија на неговата животна филозофија. Има форма на крст, изграден е од бетон и стакло, според идејниот проект на архитектите Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски, во соработка со Илија Божиновски.

You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0 feed. You can leave a response, or trackback from your own site.
Leave a Reply

XHTML: You can use these tags: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>